На 75-годишна возраст вчеравечер во Скопје, по кратко боледување почина актерката Сабина Ајрула – Тозија.
Веста за нејзината смрт ја потресе македонската јавност, а нејзините колеги сè уште не можат да поверуваат, па дел од нив со емотивни пораки на социјалните мрежи се простија од актерката.
Весна Петрушевска:
„Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав. Ама многу. Прекрасница. Моето најдлабоко сочувство. Глумиците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага.“, напишала таа на Инстаграм профилот.
View this post on Instagram
Игор Џамбазов:
„За твојот 40ти роденден, во бифето на Драмски театар, после претставата, ти отпеав песна за тебе што ти ја напишав како подарок. Додека ти ја пеев со гитарата, ја имаше истата оваа насмевка, која нема никогаш да ја заборавам. Збогум Сабина…“.
View this post on Instagram
Јелена Жуѓиќ:
„Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од Сабина Ајрула Тозија Sabina Tozija
Паметам како вчера да беше…
-иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: “само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето,сенката…полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш”…ме научи и дека иако премиерата поминала никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме…ме научи како со полни плуќа да “дишам” на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам “зад кулисните игри” и професионално да созревам…
Поминаа години од како последен пат се прегрнавме, кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.
Величенствена жена, врвен професионалец и голем голем Човек
Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата“.
Драган Спасов Дац:
„Сабина! Глумците не умираат!“.