Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ овие денови е на службено патување во Канада каде покрај многуте средби се сретна и со гувернерот на Канада како и премиерот на оваа земја.
За време на првата државна посета од страна на Хрватска јавноста беше позитивно изненадена од изгледот на нивната миленичка.
Колинда која во последно време вниманието го привлекува со нејзиниот изглед и модни парчиња се повеќе ги воодушевува дури и светските модни стручњаци.
Имено таа за време на оваа посета беше облечена во розово сако, мини здолниште, капут како и кошула од моделот со панделка која во светот е позната како „Pussy Bows“.
Името на кошулата која е светски хит број еден доаѓа од англискиот збор „Pussy Bows“, што значи мачкина панделка, но во буквална смисла на зборот означува женски полов орган.
Нејзините фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари на социјалните мрежи, особено оние дека таа е вистинска дама и и прилегаат годините со стилот на облекување.