вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

КОЛКУ ЧИНИ стајлингот на Констракта за Евровизија?

КОЛКУ ЧИНИ стајлингот на Констракта за Евровизија?

Претставничката на Србија на Евросонг, Ана Ѓуриќ Констракта издвоила голема сума пари за својот настап на Евровизија.

Ана Ѓуриќ Констракта во четврток отпатува за Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“.

Факт е дека многу се пишува и зборува за Констракта. Таа ја привлече домашната, балканската и светската јавност со својата необична харизма, но и со необичната песна со која ќе ја претставува Србија, како и со стајлингот за кој често се зборува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Ана еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра.

Ана на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра. Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра.

Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра, пренесува мондо.рс.

Најнови вести