Неколку минути по 11 часот започна комеморацијата на легендарниот Предраг Живковиќ Тозовац, во салата Комбанк во Белград.
На комеморацијата први пристигнале вдовицата на пејачот, Емилија и нејзиното семејство, Вера Матовиќ, Мерима Његомир, Снежана Џуришиќ, Жељко Јоксимовиќ, Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ, Ивица Дачиќ, Саша Матиќ, Чеда Марковиќ, Неда Украден, Снежана Бабани…
Емилија, сопругата на покојниот Тозовац, дошла во црно палто, со црна маска над лицето и крената коса.
Водителката на РТС, Марија Вељковиќ е водител на комеморацијата.
Драгиша Голубовиќ, претседателот на СЕМУС, прв одржа говор.
– Би сакал да ве замолам да оддадете почит на нашиот голем и единствен Предраг Живковиќ Тозовац со едноминутно молчење. Слава му – започна Голубовиќ.