Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е во врска со ќерката на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, Мариа Гвардиола.
Тие до неодамна ја криеја својата врска, но сега и официјално излегуваат заедно по локалите во Манчестер и Лондон.
Деле Али и ќерката на Гвардиола се почесто се во Лондон, по разни елитни места, каде што се и фотографирани.
Раздвижувањето на заљубената двојка им оди во корист на британските новинари, кои желно исчекуваа да најдат материјал за нивната потенцијална врска, но сега и официјално тие се заедно.
Интересно било што на прашање поставено до Пеп Гвардиола, дали за него би претставувало проблем, неговата ќерка да е во врска со фудбалер од друга екипа, Пеп истакнал: Јас не се мешам во животот на ќерками!