Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајнштајгер пред повеќе од еден месец го добија и второто нивно дете кое исто така е момче.
Во март минатата година Ана прв пат се породи и на свет го донесе наследникот чие име Лука родителите му го дадоа.
Парот тогаш се договори на нивното прво дете да му дадат српско име, додека нивното второ дете ќе има странско име.
View this post on Instagram
We are bursting with love and happiness. Our boy got a little brother ??
Па така во јавноста веќе повеќе од месец дена се шпекулира како ќе се вика нивното второ дете, а тие вешто го криеја тоа од јавноста се до овој момент.
Како што пишуваат српските медиуми нивниот втор син ќе се вика Леон, името потекнува од латинското Лео што значи лав, а дали „лавот“ е причината поради кои родителите му го дадоа ова име на второто синче времето ќе покаже.