сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Конечно се огласи и семејството на Романа Паниќ: Еве како тие се носат со ситуацијата !

Случајот со Романа Паниќ ја здрма целата српска естрада, а членовите на нејзиното семејство за сето ова време останаа неми кога станува збор за јавно огласување.
Конечно се огласи и семејството на Романа Паниќ: Еве како тие се носат со ситуацијата !

Сепак во текот на денешниот ден, во име на семејството се огласила Марија Јовиќ, братучетката на Романа, пренесуваат српските медиуми.

-Целата фамилија е во шок. Никој не знаеше на што се одлучила Романа. Најлошо се чуствува нејзината мајка Гордана затоа што и понатаму не може да верува во што се впуштила нејзината ќерка, искажала таа за српските медиуми.

-Гордана, како и сите ние што сме и роднини, пред се, се грижиме за здравјето на Романа затоа што таа од својата 15 годишна возраст боледува од дијабетис, додала Марија.

Освен роднините, пред пет дена за српските медиуми се огласила и мајката на Романа.

-Не знам што да ви кажам. Јас сеуште не ги знам детаљите, а можеби така е и најдобро. Романа не ми се јавиле сеуште, а можеби и не смее да ми се јави. Многу сум љута на неа! Не ни знаев дека од Италија отишла во Австралија, изјавила Гордана за српските медиуми.

-Кому јас таму да му се јавам да и помогне, немам никој, не знам ни што да прашам! Мене главата сеуште ми пука. По цел ден ми звони телефонот, сите ме прашуваат дали е тоа возможно, дали е тоа нашата Романа. Мене ми е многу лошо од се, додала мајката на Романа за српските медиуми.

За потсетување, Паниќ и нејзиниот емотивен партнер се уапсени заради кражба на банкомати во Австралија. Пеачката e осудена на 12 месеци затвор, додека нејзиниот партнер добил два месеци повеќе. Освен тоа, тие ќе мораат да ги вратат сите пари кои противзаконски ги присвоиле.

 

Најнови вести