Популарноста што ја стекна Констракта, доведе и до откривање на нејзината двојничка, која по потекло е од Словенија и има многу слични карактеристики како овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија.
Станува збор за Јерца Леган Цвикл, сестрана јавна личност во Словенија. Јерци освен што е антрополог и доктор на науки, се занимава и со новинарство и публицистика, пренесува порталот „женскикутак.рс“
На Балканот веќе на големо се зборува за нејзината сличност со Констракта, а и самата го забележала тоа. Во една од објавите на својот Инстаграм профил таа напиша: „Констракта, можеби сме во роднинска врска“.
Тие две имаат бенка на иста страна од лицето, што е сосема неверојатно, но имаат и ист ексцентричен и авангарден стил на облекување.