сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Констракта не остана имуна на коментарот од Сара Јо, еве што одговори

Констракта не остана имуна на коментарот од Сара Јо, еве што одговори

Сара Јо учествуваше на Беовизија 2022 и го освои второто место. Иако многумина очекуваа дека пејчката ќе победи и ќе ја претставува Србија во Торино, сепак, победничка е Констракта со песната „In corpora sano“.

Како што се пишуваше, наводно Сара за време на финалето била многу бесна бидејќи победила Констракта, па дури не и честитала.

Сара Јо сега се огласи на својот „Инстаграм“.

-Веќе два дена се обидувам да ги соберам впечатоците бидејќи со недели сум полна со емоции. Неколку пати го пишувам и бришам овој пост бидејќи сакам веродостојано да ви ги пренесам чувствата. Кој ме познава, може да препоставува за што се работи – ништо не знам да направи „ради реда“, посебно ако нешто ми е важно, а важно ми е да знаете колку ми значевте претходниот период и колку вашата поддршка имаше смисла. Ни во најлудите соништа не можев да замислам таков фидбек. Се почувствував сакана како никогаш досега. Но, иако таквите реакции ми беа ветер во грб, морам да признам дека малку ме исплашија. Цело време имав неверојатен притисок, како и голема одговорност да ги оправдам вашите очекувања – вашите, своите, очекувањата на соработниците, пријатели, семејството…Имав чувство дека сите работи кои ги работев се сведоа на три минути настап. Со самото тоа, подготовките беа вистински ролеркостер – балансирање меѓу желбите и можностите, несигурноста, водење на борба самата со себе… А вие во се тоа играте важна улога. Затоа посебно сакам да го истакнам значењето на вашата љубов во последните месеци која беше многу повеќе од поддршка во едно натпреварување. Секако дека ми беше што ми „избега“ приликата оваа година да ја претставувам својата држава, и тоа во мојата сакана Италија, но ова од перспектива, единствен пораз би ми бил својата цел да не ја остварив до крај, а поглавје го затварам како едно од највредните искуства, со настап на кој сум горда и со потврда дека тоа е единствено место на кое се чувствувам своја на своето. Никогаш нема да го заборавам она што ми го дадовте. Исто така, честитки на магичната Констракта, која не беше синоним за автентичност само на Евровизија туку во текот на целата кариера. Продолжи да не инспирираш и да не потсетуваш колку е убаво да се биде свој, напиша Сара на Инстаграм.

Констракта не остана имуна на зборовите на Сара, па и се заблагодари во коментарот под објавата:

-Сарита, благословени сме што те имаме, напиша таа и остави емотикон срце.

Најнови вести