вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Копија на поранешната девојка – синот на Брена славеше роденден, па се појави и таа за која само тој тврди дека му е „другарка“ (ФОТО)

Копија на поранешната девојка – синот на Брена славеше роденден, па се појави и таа за која само тој тврди дека му е „другарка“ (ФОТО)

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор наполни 24 години и по тој повод направи голема роденденска прослава.

Виктор облекол црн костум во кој се гледа дека линијата ја довел во нормла, а на прославата присуствувале многу познати личности.

Таму биле Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип, па снашката не пропуштила да испее неколку песни и да ги воодушеви сите присутни кревајќи ја атмосферата.

Снимките од прославата набрзо завршија на социјалните мрежи на Инстаграм профилите на гостите, а нема сомнеж дека атмосферата била извонредна.

Виктор во еден момент и ги дувнал свеќите на роденденската торта на која стои бројката со неговите години.

На роденденската забава била и пејачката Лена Чолак со која го поврзувааа дека има љубовна афера, а гласините дека се заедно таа ги демантираше со реченицата: „Среќен роденден на мојот брат“.

Она што е интересно е дека извесна Деа Милошевиќ била на роденденот и објавила мноштво фотографии и видеа, меѓу кои и фотографија на која присно позира со Виктор, а покрај истата ставила црно срце.

На честитките се приклучија и мама Брена која на својот Инстаграм објави фотографија со синот.

Инаку, микрофонот покрај Прија го земале и Лена Чолак и пејачката Вања Мијатовиќ кои ги абавувале гостите.

Најнови вести