сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кошаркарката Екатерина со најдолгите нозе стана манекенка

Кошаркарката Екатерина со најдолгите нозе стана манекенка

Сега веќе поранешната руска кошаркарка Екатерина Лисина, инаку горда сопственичка на Гинисовиот рекорд за најдолги женски нозе, стана манекенка и е успешна во тоа што го работи.

Екатерина е висока 206 сантиметри и е највисокиот топ-модел во светот. Таа почнала да игра кошарка во родниот град Пенза.

-Бог ми даде висина за да можам да стигнам до ѕвездите. Кога имав 16 години, бев 194 см висока. Играм кошарка уште од 15 години, изјави Лисина.

Спортските скаути ја забележале, а на 19 години, во 2006 потпишала за ЦСКА Москва. Својот прв медал со руската репрезентација, сребро, го освои на Светскиот куп во Германија. Две години подоцна, таа освои и бронза на Летните олимписки игри во Кина.

Се појави на насловните страници на повеќе модни списанија и има сѐ повеќе следачи на Инстаграм, што е исклучително значајно за кариера на модел.

Најнови вести