вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Крај на семејната драма: Еве каква забрана му е изречена на Душко Тошиќ откако ја удрил Карлеуша

Крај на семејната драма: Еве каква забрана му е изречена на Душко Тошиќ откако ја удрил Карлеуша

Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство, а нему му е изречена забрана за приближување во траење од 48 часа.

Како што дознаваат српските медиуми, Првото основно обвинителство и наложило на полицијата да достави детален извештај, со сите изјави, а на Јелена Карлеуша и било предложено да оди на преглед и да достави извештај од докторот, по што ќе одлучат за понатамошна акција.

Да потсетиме, ова не е прв пат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја свиткал раката, додека тој сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакала да го гони.

Како што веќе објави „Блиц“, полицијата на лице место утврдила дека Душко Тошиќ ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена тупаница во пределот на лицето, при што таа се здобила со повреда во пределот на лицето на десната страна во форма на исекотина.

Овој настан го потврдиле сведоци кои биле во куќата, поточно роднини, меѓу кои и тетката на пејачката.

Додека полицијата била во куќата, како што дознава „Блиц“, пејачката Јелена Карлеуша не престанала да плаче, а одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

На Душко Тошиќ му е изречена забрана за приближување во рок од 48 часа, во кои мерката ќе биде доставена до обвинителството за проценка дали има потреба од нејзино продолжување.

Најнови вести