Со денови во српските медиуми се шпекулира дали раперот Вук Моб и неговата вереница, новинарката Оливера Конатар се се уште заедно по раѓањето на нивната ќерка Теона.
Во гостувањето во една емисија Вук не сакал ниту да потврди, ниту да демантира каков е односот меѓу нив двајца, а сега се огласи Оливера и стави крај на шпекулациите.
-Мојот поранешен партнер Виук Гојковиќ и јас се разделивме по две годишна врска. Овој пат ќе ви се обратам со соопштение, а изјави на оваа тема нема да давам, па ве молам да ја почитувате мојата одлука. Вук и јас одлучивме да се разделиме на почетокот од месец јуни. Поради интересот кон нашата ќерка по овој повод нема да се огласувам. Им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате мојата одлука да не зборувам за оваа, за мене болна тема, вели Оливера.
За потсетување, Вук ја запроси на неговиот концерт во Белград пред 10.000, а во март годинава ја добија ќерката Теона.