Британската кралица Елизабета Втора побарала оваа година за време на прославата на нејзиниот 94 роденден да не биде одржана почесна стрелба.
Ова го објави новинар на Ај-Ти-Ви Њуз на Твитер наведувајќи дека кралицата смета дека таквиот чин нема да биде прикладен во насока на кризата со коронавирусот.
-Нејзиното величество смета дека на сила не се посебни мерки кои би овозможиле изведување на почесната стрелба, па чувствува дека не е соодветно во овие околности, наведува новинарот Крис Шип повикувајќи се на извори од Бакингамската палата.
Ова ќе биде првпат за 68 годишното нејзино владеење, кралицата да испрати вакво барање. Роденденот на Елизабета Втора оваа година нема да биде одбележан на ниту еден посебен начин.