Љубовната приказна која од самиот почеток е една од најконтроверзните сигурно е онаа на британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер Боулс. Својата романса ја започнаа преку прељуба, бидејќи принцот во тоа време сè уште беше со починатата принцеза Дијана, па затоа Камила и денес наидува на осуда на јавноста.
Според пишувањата на магазинот „Глоуб“, нивниот брак е пред распад, а за сè кумувала и кралицата Елизабета, која му наредила на нејзиниот син Чарлс да ги предаде документите за развод.
Според нивните наводи и зборовите на анонимниот извор, кралицата сака да ги реши сите скандали пред да умре. Иако принцот Чарлс го молел судот оваа постапка да биде строго доверлива и далеку од очите на јавноста, се чини дека нешто тргнало наопаку.
-Тој сакаше да го избегне овој скандал и срам – рекол изворот, не откривајќи многу детали. Иако семејството официјално не се огласило за тоа, многумина и понатаму навиваат за заминувањето на Камила.