петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кралица на бакшишот: Оваа балканска пејачка само за една песна доби половина милион евра (ФОТО)

Кралица на бакшишот: Оваа балканска пејачка само за една песна доби половина милион евра (ФОТО)

Бугарската пејачка Јулија Бикова многумина ја сметаат за кралица на ромските веселби.

Голем е бројот на оние кои сакаат таа да им пее на нивната прослава со нејзината песна, а не штедат ни пари само да ја донесат. Но, каде што таа пее, гостите се дарежливи кога станува збор за бакшишот.

Неодамна на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат гости на забава како ја опсипуваат Јулија со ништо помалку од скапи часовници. Таа има една рака покриена до лактот во најпрестижните брендови, а како што вели описот, сето тоа го добила за само една песна.

Според упатените, вредноста на часовниците е речиси половина милион евра.

Инаку, Јулија и на овие простори ја сакаат Ромите, па често ја посетува и Србија, а посебна е по тоа што води и стомачни танчери.

ФОТО: PRINTSCREEN/INSTAGRAM

Најнови вести