петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кралската палата во паника: Принцот Хари пишува мемоари, познато кога ќе бидат објавени

Кралската палата во паника: Принцот Хари пишува мемоари, познато кога ќе бидат објавени

Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари, пишува Њујорк Тајмс.

Според странските медиуми, датумот на издавање на книгата беше одложен поради смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември.

Мемоарите се очекува да опфатат сè од детството на Хари до неговата воена служба во Авганистан, бракот со Меган Маркл, раѓањето на нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, а сите со нетрпение чекаат да видат дали и што ќе открие за врската во кралскиот двор и периодот кога тој одлучи да го напушти кралското семејство заедно со сопругата.

-Ова не го пишувам како принц каков што сум роден, туку како човек во кој станав, изјави претходно Хари, истакнувајќи дека во текот на животот сменил многу улоги и дека се надева дека со својата приказна за грешките и лекциите кои ги научил, ќе им помогне на другите да разберат дека без разлика од каде доаѓаат, имаат многу заеднички работи што ги поврзуваат.

-Длабоко сум благодарен за можноста да го споделам она што го научив во текот на мојот живот и возбуден сум што луѓето ќе прочитаат од прва рака за мојот живот кој е апсолутно вистинит, рече Хари.

Се претпоставува дека средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Принцот Хари се уште не се огласил за ова.

Најнови вести