Минатогодишната претставничка на Србија на Евровизија во Торино, Констракта, е во брак со Милан Ѓуриќ и е мајка на две деца. Таа сега проговори за родителството во емотивна исповед.
-Моите деца сега влегуваат во пубертет. Времето ќе покаже што направив со мојот пристап. Секогаш ги гледам и ги третирам со почит, ги почитувам сите нивни потреби. Кога станува збор за поставување на граници, таму сум многу слабa. Секогаш одам на тоа дека се способни да разберат кога ќе седнеш со нив и ќе им објасниш зошто нешто е во ред, а нешто не, вели Ана и додава:
-Креветот останува ненаместен пет дена, насекаде има книги, чорапи, фармерки. Верувам дека не сме единствените во таква ситуација со тинејџерите. Тешко е да се прошета кучето, а на крајот јас го шетам. Немам постигнато ништо таму, но претпоставувам дека имам уште малку време да ги натерам да преземат одредена одговорност кон својата околина, рече таа.