По шлаканицата која ја доби од Вил Смит на доделувањето на Оскарите, Крис Рок ќе заработи над два милиони долари само од распродадената турнеја, а како што наведува „Сан“ се нижат понуди за тоа каде тој ќе даде првото интервју по инцидентот.
Комичарот е преплавен со значајни парични понуди за интервју, а во својата емисија го сакаат и Опра Винфри и Елен Деџенерис.
Интервјуто не е единствената работа од која би можел да заработи, бидејќи картите за неговото стенд-ап шоу се најбараните во последните неколку дена. Медиумите наведуваат дека решавањето на инцидентот со Смит со „голема грациозност и смиреност“, придонело неговата популарност да се зголеми.
Неговата турнеја е распродадена со месевци однапред, а тој додал и нови датуми поради големиот интерес.