понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Крис Рок му одговори на Вил Смит: Кој вели дека зборовите болат, никогаш не бил натепан

Крис Рок му одговори на Вил Смит: Кој вели дека зборовите болат, никогаш не бил натепан

Изгледа дека Крис Рок нема да се смири со Вил Смит во скоро време и покрај неодамнешното јавно извинување на Смит за шлаканицата на комичарот за време на 94-тото доделување на Оскарите во март.

Рок, кој моментално е на турнеја, смета дека извинувањето на Смит „не е искрено“ и дека било „изречено во негов интерес да го поправи нарушениот имиџ“, пишуваат медиумите.

„Ако сите тврдат дека се жртви, тогаш никој нема да ги слушне вистинските жртви. Дури и кога Смит ме удри… Отидов на работа следниот ден, имам деца“, рече комичарот во Атланта како дел од неговото стенд-ап шоу.

„Кој ќе каже дека зборовите повредуваат, никогаш не бил удрен во лице“, додаде тој.

Извор близок до Рок тврди дека комичарот не е подготвен да разговара со Смит и нема намера да контактира со него.

Да потсетиме, Вил Смит пред неколку дена преку видео на својот Јутјуб профил му се обрати на Рок, молејќи го за прошка.

“Крис, извини. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум секогаш кога си подготвен да разговараш”, рекол Смит во видеото.

Вил Смит му удри шлаканица на комичарот и се врати на своето место викајќи му на комичарот веќе да не го споменува името на неговата сопруга.

Имено, Крис изјави дека едвај чека да ја види Џејда Пинкет Смит во филмот G.I. Џејн 2. Тоа беше шега мотивирана од новата фризура на Пинкет Смит, поточно нејзината избричена глава. Потоа, Смит стана, се качи на бината и го нападна Рок, а потоа се врати на своето место врескајќи дека не треба за џабе да му ја споменува сопругата.

„О, леле, Вил Смит ме претепа“, изјави Рок по инцидентот.

Најнови вести