Крис Рок, наводно, им рекол на обожавателите во Лондон дека ќе „зборува“ за инцидентот со Вил Смит на Оскарите „во одреден момент … на Нетфликс“.
За време на неговиот стенд-ап настап во Лондон, 57-годишниот комичар накратко се пошегувал за „трајните последици“ од шлаканицата на Смит на Оскарите во 2022 година во март.
„Добро сум, ако некој праша“, рекол Крис Рок, а пренесува британски „The Telegraph“. – Ми се врати слухот.
За време на доделувањето на Оскарите, Смит излезе на сцената и го удри Рок како одговор на шегата на комичарот за избричената глава на неговата сопруга.
Откако го удрил Рок, Смит се врати на своето место и извика: „Држи го името на мојата сопруга подалеку од твојата уста!“
По инцидентот, Смит – кој ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“ – јавно му се извини на Рок, велејќи дека тој „изреагирал емотивно“ бидејќи шегата за здравјето на Џејда била премногу силна за него.
Актерот потоа поднесе оставка од Академијата, која исто така му забрани на Смит да присуствува на нејзините настани во следните 10 години.