Шансите Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ повторно да завршат на истото место, односно на имотот во Шимановци, во четвртата сезона на реалното шоу „Задруга“, се повеќе од изгледни.
Да потсетиме, Кристијан веќе има потпишано договор, а бидејќи оваа сезона е посветена на најголемите sвезди на овој ТВ формат, се очекува дека еден од главните конкуренти за победата ќе му биде Станија.
Двајцата веќе се сретнаа двапати пред телевизиските камери во тековната година, иако со години пред тоа не зборуваа, заради нивното заедничко учество во „Фарма“. И двете средби поминаа „студено“, а по последното интервју на Голубовиќ, нема сомнение дека нивните односи ќе станат уште позатегнати.
„Двајцата имавме договор: Ако јас излезам од реалното шоу пред неа, ќе ја обезбедам нејзината победа, а таа за возврат ќе ми даде половина од наградата. Но, Станија се заљуби во мене и кога наиде на ладен туш, таа не сакаше да ми даде ниту динар“ – рече Кристијан.
„Не знам зошто мислеше дека можеме да се забавуваме или дека треба да и правам деца? Таа доби 25.000 евра и требаше да ми даде 12.500. На крајот, таа ми даде 11.900 евра, ми рече дека нема уште 600. Не знаев дека е толкав ‘скаперник’ – изјави Голубовиќ, јавно понижувајќи ја старлетата.