Српската старлета Станија Добројевиќ и Кристијан Голубовиќ во последно време сериозно ги заострија своите односи.
Кристијан, кој сега е учесник во реалното шоу „Задруга“ во кое подоцна треба да влезе и Станија, пред останатите присутни учесници се закани дека ќе ја убие старлетата доколку таа не му се извини.
Станија на овие зборови не можеше да остане рамнодушна, па јавно се огласи на Инстаграм.
-Не верував дека ќе бидам принудена вакво нешто да објавам на мојот профил, но за жал морам за да реагирам навреме, да апелирам и да ја разбудам свеста на нашиот народ, државата, правосудниот систем, полицијата, медиумите… Она е е прв пат на национална телевизија на најбрутален начин да ми се закануваат со смрт. Пред пет години овој човек ме рекетираше, целата земја тоа го гледаше и молчеше. Никој не реагираше. Сега јавно се заканува со смрт, државо реагирај??? Доста веќе. Освен што ќе поднесам кривична пријава, апелирам на сите луѓе на вакви работи да не остануваат неми, туку да реагираат. Ова не е реално шоу, ниту шоу бизнис, ова е мојот живот и мене ми се закануваат, напиша старлетата на Инстаграм.