четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кристијан Голубовиќ ќе донира бубрег на девојка на која итно и е потребен овој орган!

Кристијан Голубовиќ ќе донира бубрег на девојка на која итно и е потребен овој орган!
фото: Никола Томиќ

Вчера, 1 јули, на социјалните мрежи низ Србија се прошири видео од девојката Милица Адамовиќ (30) од Белград, во кое ги замолува луѓето да го споделат нејзиниот апел за живот.

Имено, на оваа млада девојка и треба нов бубрег за да живее.

– Немам многу време. Ми преостанува многу малку. Ги замолувам сите што сакаат доброволно да ми помогнат и кои имаат нулта крвна група и над 25 години да ме контактираат – рече Милица во краткото видео на Инстаграм.

Неколку часа подоцна, Кристијан Голубовиќ се огласи јавно, на својот официјален профил на Фејсбук.

– Јас сум нулта позитивна група. Ако одговорам, ќе и дадам бубрег на оваа девојка – напиша Кристијан на Фејсбук.

Лекарите на Милица и дале уште само шест месеци живот, па затоа трансплантацијата на бубрег е единственото итно решение.

Нема жив роднина што би можел да и го донира бубрегот и затоа единствената надеж и е да ја направи трансплантацијата во странство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Adamovic (@milica.adamovic91)

Најнови вести