И Бакингемската палата мора да ги „стегне ремените“ и да плати за економската криза што следеше по пандемијата, но и со војната во Украина.
Сер Мајкл Стивенс, сметоководител на кралицата, рече дека и покрај очигледното враќање во нормала – со продолжување на сите активности, од забави до церемонии – останува „тежок момент“ за касата на монархијата.
Според , Стивенс, трошоците пораснале за 17% (102,4 милиони фунти) – најмногу поради реновирањето на Бакингемската палата, чиј електричен систем датира од Втората светска војна, а се крати од покривањето на трошоците на кралското семејство (летови, престој, официјални обврски: патувањето на Карибите на Вилијам и Кејт Мидлтон, на пример, чинеше над 226.000 фунти), но сепак, кралските плати, вклучувајќи ги и платите на персоналот, останаа стабилни на 86,3 милиони.
Поради пандемијата и карантините, приходите на кралските резиденции кои произлегуваат од туризмот исто така се намалени за 50% (пред сè Бакингемската палата). И сега мора да се надокнади тој дефицит во кралската каса, со намалување на трошоците.
Војводите од Сасекс Хари и Меган Маркл, кои сега се „економски независни“, пишува Дејли Мејл, се отстранети од буџетот, дотолку што патувањето во Лондон и реновирањето на Колибата Фрогмор сами ги презеле на товар.