четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Крвнички беше убиена од момчето, а остана запаметена како најубава пејачка: Роденденот на Ксенија се слави со солзи и црнина

Крвнички беше убиена од момчето, а остана запаметена како најубава пејачка: Роденденот на Ксенија се слави со солзи и црнина

Да беше жива, Ксенија Пајчин денес ќе наполнеше 41 година.

Но, веќе 8 години, нејзините родендени се слават без торта, а со многу тага и болка. Нејзините најблиски во црнина ќе го посетат гробот и со солзи ќе го минат денот кој некогаш го прославуваа.

Беше една од најубавите пејачки. Згодната Ксенија почна турбо кариера и беше многу успешна во тоа.

Родена е во Босна и Херцеговина. Освен пејачка, работеше како фотомодел и моден дизајнер.

Соработниците ја паметат како весела и забавна личност. Имаше бурен љубовен живот со момчето кое подоцна стана нејзин убиец.

Својата кариера ја започнала како танчерка во дискотеки. Понатака, таа станала член на музичката група „The Duck“ и со песната „Дачо, те сакам“ оваа група ја забележува својата популарност. По напуштањето на групата, Ксенија ја започнува својата соло кариера и станува сопственик на училиште за танцување во Белград.

На 16-ти март2010-та година,  Ксенија Пајчин трагично го завршува својот живот.

Таа била пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата и до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана.

Според извештаите, се работи за убиство врз Ксенија и самоубиство од страна на Филип.

Најнови вести