Миљана Кулиќ, поранешна учесничка во „Задруга“, веќе е осми ден на лекување за последиците од операцијата за намалување на желудникот, која ја направиле лекари во приватна клиника во Турција.
Откако и ја извадиле слезината, таа се опоравувала во КЦ Ниш, но откако и се влошила здравствената состојба, итно е префрлена во Белград. Таа ноќта ја минала во шок собата на Ургентниот центар во Белград, а од утрово, пишува Блиц, нејзината здравствена состојба не се подобрува.
-Здравјето на Миљана е сериозно загрозено, животот нејзин е во опасност. Понатамошно комплицирање на работите е што новите наоди покажаа дека таа има огромни згрутчувања на крвта. Навистина има големи болки и не се чувствува добро, изјавил за „Блиц“ добро упатен извор.
Слична информација има и изворот на „Информер“.
-Миљана е во шок соба. Не е добра ситуација. Засега е на кислород. Свесна е, но најмногу спие од лековите, за да биде што помирна. Нејзината здравствена состојба се уште е сериозна. Има воспаление, уште има инфекција. Свесна е, но посетите се строго забранети, вели извор близок на Кулиќ и додава:
„Миљана најмногу се жали на болки во пределот на стомакот и мачнини. Сега е борбата, и потребно е време за ова закрепнување. Тоа е сериозна состојба. А најмногу се плашат од згрутчувањето на крвта“.