четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Легендарниот Изет проговори за тешката болест и испрати порака до пушачите

Легендарниот Изет проговори за тешката болест и испрати порака до пушачите

Легендарниот актер Мустафа Надаревиќ јавно призна дека страда од малигна болест на белите дробови и се придружи на кампањата „Дишеме за живот“.

Актерот зборуваше за својата болест и верува дека ќе ја победи.

“Кога сфатив дека тоа е дел од животот, болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест”, рече тој за босанските медиуми.

Тој испратил порака до секој што припаѓа на ризичната група, односно долгогодишните пушачи.

„Можам да им кажам да не бидат толку примитивни како што сум јас, да се исплашат од докторот. За мене, докторот ми беше страшен уште како мало дете, од забар па натаму, сè ми беше ужасно. Добро е да се оди навреме на прегледи, зашто тогаш можноста за излекување е поголема “, заклучи тој.

Најнови вести