петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Легендарниот пејач е во ЛОША СОСТОЈБА, ја откажа турнејата низ Европа

Легендарниот пејач е во ЛОША СОСТОЈБА, ја откажа турнејата низ Европа

Ози Озбор ја откажа турнејата низ Европа. По тешката операција на р’бетот рече дека не е физички способен да настапи на концертите кои му беа закажани во мај и јуни.

Се повреди во 2019-та година кога падна кај него дома. Беше повреден и од сообраќајка во 2003 година, а сега само ги влоши работите.

„Ова е една од најтешките работи кои ги споделувам со фановите. Пред четири години доживеав голема несреќа во која го повредив р’бетот. Единствена цел периодов ми е да се вратам на сцена“, рече Озборн.

Рече дека сè му е во ред со гласот, но дека по трите операции, третманот со матични клетки и физикалните терапии, телото сè уште му е слабо. Ги пофали фановити кои периодов трпеливо чекале за
влезници.

„Никогаш не можев да замислам дека турнејата ќе ми заврши на ваков начин. Тимот во моментов бара начин како може да настапам, а да не морам да патувам од град во град и од држава во држава“, рече Озбор и им заблагодари на фановите, екипата, семејството и бендот Judas Priest.

Најнови вести