четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Легендарниот пејач, Тозовац се огласи од болница – еве каква е неговата состојба!

Легендарниот пејач, Тозовац се огласи од болница – еве каква е неговата состојба!

Легендарниот пејач на народната музика, Предраг Живковиќ Тозовац во моментов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан со проток на кислород, а оттаму реши да се огласи и самиот во медиумите.

-Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не се никакви новости дека некој има Ковид 19,рече Тозовац и додаде дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист кога станува збор за неговиот понатамошен тек на лекувањето.

Мојата состојба не е добра, а каква и да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа и антибиотици и ги слушам се’ што ќе ми кажат, рече Тозовац и посочи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.

Најнови вести