Комичарката Ејми Шумер, водителката на 94. доделување на Оскарите, не поштеди никого, па славниот актер Леонардо ди Каприо си ја доби својата „порција“ шеги.
-Мислам, Леонардо ди Каприо – што да кажам за него? Тој направи толку многу во борбата против климатските промени и остави почиста, позелена планета за своите девојки“, рече Шумер, додавајќи објаснување за нејзината шега: „Затоа што тој е постар, а тие се помлади. Ме разбравте, нели?“
Ѕвездата на филмот „Волкот од Волстрит“ од 2017 година е во врска со 24-годишната манекенка Камил Морон, а познат е по тоа што сака помлади девојки.