Актерката Софија Вергара како празнична инспирација.
Една од холивудските диви, која отсекогаш имала стил, дефинитивно е Софија Вергара. Таа никогаш не се погрешила со тоа да се облече привлечно, но со вкус.
Жените се воодушевени од празничниот стајлинг на Софија
Нејзиниот природен изглед остава без здив, а кога на тоа ќе додаде малку од својот гламур, таа станува „божица“.
Софија, всушност, на својот Инстаграм го сподели празничниот стајлинг кој од една страна е минимален, но со одредени детали, сосема извонреден.
Таа носеше долг кафен фустан, кој го спои со капут, чанта, па дури и маска за телефон во леопард принт.
Секако, станува збор за познати и скапи светски брендови, Долче и Габана, како и Жакмус, а сметаме дека Софија е одличен претставник.
Погледнете како тоа изгледаше:
Како ви се допаѓа празничната комбинација на Софија?