среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Познати

ЛЕТО + ЦРНОГОРСКО ПРИМОРЈЕ: Овие Балкански ѕвезди никогаш не би ги замислиле заедно, а главниот меѓу нив е – Новак Ѓоковиќ

ЛЕТО + ЦРНОГОРСКО ПРИМОРЈЕ: Овие Балкански ѕвезди никогаш не би ги замислиле заедно, а главниот меѓу нив е – Новак Ѓоковиќ

Голем број познати личности синоќа беа во Porto Montenegro, луксузна марина лоцирана во Тиват, меѓу кои и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.

Новак уживаше во хитовите на уметникот Дино Мерлин, и во таа прилика ја охрабри сопругата Јелена да танцуваат заедно на една од песните. Сето тоа го забележа Југослав Кариќ, кој истата вечер беше на истото место.

Неизбежно е дека Новак беше една од најголемите sвезди, бидејќи многу од познатите личности изразија желба да се фотографираат со него.

Фотки со најуспешниот српски тенисер фатија актерката Марија Каран, кошаркарот Тадија Драгичевиќ, како и неговата сопруга, неодамна породената манекенка Сандра Никетиќ, во чие друштво беа и кошаркарот Немања Недовиќ и неговиот избраник.

Да потсетиме, пред неколку дена, на истиот дел од црногорското приморје, српските тенисери Јанко Типсаревиќ, Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ направија заедничка фотографија од тениските терени. Новак престојува во Црна Гора и се одмара пред овогодинешниот турнир US Open.

Најнови вести