Македонската музичка сцена остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска.
Пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“. Нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки.
Меѓу личности пред кои свиреа се и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа свирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот.
Невена и Панче се родители на Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико.
Естрадниот магазин Бекстејџ реши да и одаде почит и по тој повод ја покани Лидија која зборуваше за Невена, но и го изкажа својот револт бидејќи никој од Министерството за култура не и одаде почит.
Целесното интервју на Бекстејџ погледнете го во продолжение: