петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Лила Филиповска имаше свето крштевање во водите на реката Јордан: „Никогаш не сум се чувствувала поблиску до Бог“

Лила Филиповска имаше свето крштевање во водите на реката Јордан: „Никогаш не сум се чувствувала поблиску до Бог“

Лила Филиповска деновиве е на патување во Јордан, а по тешкиот период за кој таа зборуваше дека го преживеала, водителката покажа дека имала и свето крштевање во водите на реката Јордан, односно во водите каде бил крстен и Исус Христос и дека се чувствува прекрасно.

Лила Филиповска ја искористи посетата на Јордан за да се крсти во водите на реката каде бил крстен и Исус Христос од страна на Јован Крстител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Таа сподели неколку фотографии на социјалните мрежи до кои напиша:

„Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде Јован Крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Инаку, таа на Инстаграм Стори сподели неколку кратки видеа во кои се гледа како влегува во водата и се крштева.

„Дојдовме на реката Јордан, а ова е нешто што задолжително морате да го имате ако сакате да се крстите“ – рече таа и покажа на белата наметка што ја носеше додека влезе во водите на реката.

Инаку, интересно е што од другата страна на брегот се наоѓа Израел, а водата на оваа света река ги дели двете држави Израел и Јордан.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Најнови вести