По 25 години брак Џенифер Флавин кон средината на август одлучи да поднесе документи за развод од холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне. Меѓутоа, парот сепак успеал да ги реши недоразбирањата.
Како што открива портпаролот на парот, актерот и неговата 22 години помлада сопруга одлучиле да седнат во своите четири ѕида, да разговараат и успеат да ги решат недоразбирањата, поради што биле многу среќни.
Нивното смирување следува еден месец по поднесувањето на документите за развод
Обожавателите веќе наголемо пишуваа коментари дека парот е повторно заедно откако Сталоне на социјалните мрежи објави две стари фотографии со опис „прекрасно“.
Сталоне и Џенифер се венчаа во 1997 година, пароти има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.