среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Љуба Перучица ја шокираше јавноста: Се пофали дека ја тера бремената сопруга да му ги мие нозете

Љуба Перучица ја шокираше јавноста: Се пофали дека ја тера бремената сопруга да му ги мие нозете

Љуба Перучица ја шокираше јавноста кога на социјалните мрежи сподели видео на кое неговата бремена сопруга му ги мие нозете и му облекува патики.

Имено, пејачот во видеото покажа како неговата бремена сопруга Катарина Колозеус му ги брише стапалата со крпа, а потоа му облекува чорапи и патики.

– Така се прави, гледаш колку е убаво, целосна услуга. Браво мајсторе, рече пејачот.

Овој момент кој Љуба го сподели на социјалните мрежи некои го доживеаа како многу сладок, но имаше и многу луѓе на кои не им се допадна ваквото однесување кон трудница и начинот на кој таа му угодува.

Потсетуваме, сопругата на Љуба, Катарина е бремена во седмиот месец, а радосната вест ја споделија со своите верни следбеници на социјалните мрежи.

Најнови вести