Ребека Лос првпат гостуваше на телевизија откако беше емитуван документарниот филм за Дејвид Бекам. Ребека Лос е најпозната во светот како љубовница на познатиот фудбалер Дејвид Бекам.
Додека некои ја нарекуваат оваа афера наводна или измислена,други веруваат дека тоа навистина се случило.
Од една страна, Ребека призна дека е љубовница на Бекам,од друга Дејвид рече дека тоа се смешни обвинувања.
Ребека сакаше да ја остави целата приказна зад себе, но не и се допадна начинот на кој беше претставена во документарецот за Бекам.
View this post on Instagram
Затоа решила да се огласи,а за прв пат гостувала на телевизија по емитувањето на документарниот филм. А богами имаше што да каже.
И големото прашање е како Дејвид и Викторија Бекам ќе се справат со овие зборови.
– Најмногу би сакала да не морам повеќе да зборувам за тоа. Тоа го оставив во минатото. Продолжив со мојот живот. Кога излезе документарецот и после тоа се случи се, се обидов да ја игнорирам ситуацијата и да се погледнам себеси и мојот живот – започна Ребека. Сепак,таа смета дека начинот на кој е претставена во филмот не е фер.
– Сепак, навистина ми пречеше особено неговиот агол на приказната, неговата наративност и тоа како со целата приказна ја заведуваше јавноста. Излезе дека сум лоша личност. Секако дека е моја вина, за танго се потребни двајца. Не е само тој крив, ние двајцата сме виновни – вели Лосова.
View this post on Instagram
Дополнително, таа забележува дека Бекам никогаш строго не ја негирал нивната афера.
– Никогаш не негираше дека имал афера, рече дека моите обвинувања се смешни, тоа не е демант. Тој збор го советуваат адвокатите за тој што се брани да го оттргне вниманието од она што е вистина – рекла Ребека и со тоа на некој начин им возврати на Бекамови.
Во самиот документарец, Бекам не ја признал аферата, но во еден момент изјавил дека „сите тие приказни биле „страшни“ и дека му се„гади од тоа“.
Оваа позната „афера“, наводно се случила додека Бекам настапувал за шпанскиот клуб Реал Мадрид.