Ријалити ѕвездата Луна Џогани и нејзиниот вереник Марко Миљковиќ отпатуваа во Дубаи за да го прослават нејзиниот 25-ти роденден на 8-ми март.
Луна од нејзиното момче добила поклон луксузно патување, а сега се пофали со останатите поклони.
Имено, на нејзе веќе започнаа да и пристигнуваат честитки и поклони за нејзиниот роденден, и тоа два дена порано.
Таа на Инстаграм објави фотографии од цвеќе, бомбоњери и балони, а потоа им се заблагодари на сите кои мислат на нејзе.