сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мадона испрати БРУТАЛНА порака за оние кои ја обвинуваат дека се УНИШТИЛА со операции! (ВИДЕО)

Мадона испрати БРУТАЛНА порака за оние кои ја обвинуваат дека се УНИШТИЛА со операции! (ВИДЕО)

Кралицата на попот, Мадона, проговори за бројните негативни критики, кои беа насочени кон нејзиното „ново лице“, кое имавме можност да го видиме на последните Греми награди.

Имено, Мадона накратко се појави на сцената на наградите за да ги претстави Сем Смит и Ким Петрас. Сепак, сите беа шокирани од лицето на Мадона, посочувајќи дека таа сега претерала со пластичните операции.

Во објава на Инстаграм, музичката ѕвезда се осврна на критиките, повикувајќи многумина да се фокусираат на нешто што таа вели дека навистина треба да биде неважно.

-Наместо луѓето да се фокусираат на она што го кажав во мојот говор, а тоа беше да им се заблагодарам на бестрашноста на уметниците како Сем и Ким, многумина решија да зборуваат за моите фотографии кои ги направи фотограф со објектив од блиску. Тоа би го искривило сечие лице – објасни Мадона, жалејќи се на сè уште присутната мизогинија и „светот кој одбива да слави жена над 45 години“.

-Медиумите ме деградираа од почетокот на мојата кариера, но разбирам дека сето тоа е тест и со задоволство го трасирам патот, за да им биде полесно на сите жени зад мене во годините што следат. Според зборовите на Бијонсе. Нема да ми ја скршите душата, додаде таа, нагласувајќи како со нетрпение го очекува идно субверзивно однесување, поместување граници, спротивставување на патријархатот и најмногу од сè – уживање во нејзиниот живот.

-Поклонете се кучки, заврши пејачката во свој стил.

Заедно со долгата порака, таа објави видео во кое позира во чипкаст градник со многу ѕвезди како Сем Смит, Карди Би, а во еден момент од видеото ја бакна и текстописецот Џози.

Пластичните хирурзи претходно за „Дејли мејл“ изјавија дека веруваат дека таа, меѓу другото, направила лифтинг на лицето, операција на носот и затегнување на кожата.

Иако до сега јавно не се осврна на гласините за пластична хирургија, во 2012 година изјави дека не е против нив, туку е против да се разговара за нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Најнови вести