Мадона (63) во последно време не престанува да ги шокира своите обожаватели на социјалните мрежи. Нејзиниот „замрзнат“ и нималку природен изглед на нејзиното лице со години ги полни медиумските колумни, а нејзините следбеници не престануваат да се расправаат на социјалните мрежи.
Мадона сега реши да стави крај на „хејтерите“ кои ја обвинуваат дека постојано користи филтри на нејзините фотографии за да ги избрише годините, па објави немонтирано видео на Тик Ток и покажа како навистина изгледа. Но, се чини дека новата објава не беше баш најдобриот потег бидејќи многу фанови коментираа дека изгледа „неприродно“ поради преголемите естетски корекции.
– О Боже мој, о Боже, зошто го направи тоа – вели Мадона во видеото во кое во еден момент се појавува со шминка за да ја покаже разликата.
@madonna
„Ова е Мадона?“, „Зошто луѓето не можат да прифатат дека стареат?“, „Да, зошто го направи тоа“, „Те молам немој повеќе“, „Дали е ова некој вид на хорор? “, се само дел од коментарите.
Инаку, ова не е првпат Мадона да ги шокира своите фанови. Пејачката често објавува свои провокативни фотографии. Неодамна објави бизарно видео кое ги преплаши корисниците на Инстаграм, а на лицето носи маска од тантела додека пуши наргиле. Маската ги открила само очите и устата, а на забите имаше дијаманти.