петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

МАЈА БЕРОВИЌ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА СО СИНОТ! Пејачката ги РАЗНЕЖНИ сите со новата објава со НАСЛЕДНИКОТ! (ФОТО)

МАЈА БЕРОВИЌ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА СО СИНОТ! Пејачката ги РАЗНЕЖНИ сите со новата објава со НАСЛЕДНИКОТ! (ФОТО)

Пејачката Маја Беровиќ се породи пред неколку дена во болница во Австрија, а на нејзиниот син, гордите родители, му го дадоа името Лав.

Пејачката сега ја објави првата фотографија од неа и нејзиниот наследник и ја разнежни јавноста.

Маја нежно го држи синот во раце додека го дои, а набрзо во коментарите пристигнуваа честитки: „Ова е премногу слатко“, „медено“, „честитки“…

Како што беше претходно напишано, Беровиќ за породувањето издвоила дури 7.000 евра.

Таа ја избрала оваа клиника бидејќи постои можност во болничката соба да дојдат фризери, маникир и педикир, како и посебен простор за медитација.

– Живее на релација Белград-Грац, но бременоста ја водеше во Австрија. Породувањето во оваа клиника чини 7.000 евра, а во цената се вклучени трошоците за фризер, маникир и сала за медитација со водена обука пред и по породувањето. Изгледот на клиниката е зачудувачки, како оние од филмовите, па сосема е сигурно дека Маја ќе ужива во првите денови со синот – изјави извор близок до пејачката.

Инаку, Маја неодамна откри зошто токму сега сакала да стане мајка.

– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да можам да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – изјави неодамна Маја.

Најнови вести