Боксерската легенда Мајк Тајсон наводно му понудил 10 илјади долари на чувар на една зоолошка градина за да му го отвори кафезот каде се наоѓале мајмуните за да се бори против нив, пренесува „The Sun”.
Тајсон неодамна одлучил да подмити чувар на зоолошка градина за тој и неговата сопруга Робин Гивенс да можат да уживаат во приватна романтична прошетка помеѓу животните. Но, тој во текот на прошетката отишол и чекор понатаму.
Имено, боксерот имал идеја дополнително да го награди чуварот за да му го отвори оградениот простор каде престојуваат мајмуните за да може да се бори против огромните горили.
-Му платив на вработен во зоолошката градина во Њујорк да ја отвори вратата само за Робин и мене. Кога стигнавме до делот каде се наоѓаат мајмуните, мажјакот горила ги малтретираше останатите горили, изјавил Мајк.
Според наводите на странските медиуми, Мајк Тајсон му понудил 10 илјади долари на чуварот, но тој ја одбил оваа понуда без премногу размислувања.