Мајк Тајсон уште е толку големо спортско име што секоја негова активност предизвикува огромно внимание, а неодамна тој имаше случка на која ќе се сеќава цел живот – среќавање лице-во-лице со огромна ајкула.
Како дел од „Shark Week“ неделата на популарниот „Дискавери“ канал, тој одеше на нуркање со ајкули, а една од задачите беше да успие една со невообичаен момент – со скокоткање на носот на ајкулата.
54-годишниот поранешен шампион во тешка категорија, признава дека бил „смртно исплашен“ и дека повраќал пред авантурата. Во првата рунда, Тајсон нуркаше во кафез со таканаречената лимонска ајкула, во втората рунда, тој нуркаше на отворено и требаше да ги турка ајкулите нежно ако му се приближат, а во третата беше предизвикот со нуркање на над 10 метри без кафез во кој требаше да ја грабне ајкулата за нос.
Тајсон поминал неколку дена на Бахамите работејќи со научници за да се навикне на ракување на ајкулите.
The only way to get over your fears? Dive straight in. Watch me kick off #SharkWeek with Tyson vs. Jaws: Rumble on the Reef tonight at 9pm ET only on @Discovery pic.twitter.com/9i1LktglXc
— Mike Tyson (@MikeTyson) August 9, 2020