Холивудската актерка Рис Витерспун на социјалните мрежи сподели фотографија од вечерата на која беше со својата ќерка Ава Филипе. Тие повторно успеаја да ја воодушеват јавноста со својата сличност.
Тие две се толку слични што обожавателите често го коментираат тоа, најмногу поради бојата на косата и истата фризура, но и очите. Во странските медиуми долго време се споменуваше дека Ава е вистинска копија на нејзината мајка, а од друга страна дека Рис изгледа како да не старее.
Инаку, Ава е ќерката на актерката од првиот брак со актерот Рајан Филипе, од кој се разведе во 2006 година по 7 години брак. Поранешниот пар го има и синот Дикон, кој неодамна наполни 18 години.
Рис е мајка и на 9-годишниот Тенеси, кој го имаше со нејзиниот сегашен сопруг Џим Тот, кој од се срце и помага да ги подигне сите три деца.
Пред еден месец Рис сподели фотографија од својот одмор, а уште тогаш привлекоа големо внимание поради својот изглед.
View this post on Instagram
View this post on Instagram