На градските гробишта во Сараево денеска е погребан Амир Беговиќ, син на пејачот Енис Беговиќ.
Како што дознаваат медиумите на погребот нема да присуствуваат неговата мајка ниту пак сопруга која е бремена.
Причината е тоа што тоа го наложуваат нивните обичаи.
-По нашите обичаи жените остануваат дома додека се одржува чинот на погреб, а на гробиштата одат само мажите, вели за српски Телеграф кумата на семејството, Елвира Рахиќ.
Инаку неговата сопруга во секој момент треба да се породи.
-Таа добро се чувствува. Ние секој ден чекаме да се породи, вели таа нагласувајќи дека секој момент може да се случи тоа.