недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мајката на Хакими се огласи по веста дека ѝ го препишал сиот имот: „Ако не го направи тоа, нема да се ослободи од таа жена“

Мајката на Хакими се огласи по веста дека ѝ го препишал сиот имот: „Ако не го направи тоа, нема да се ослободи од таа жена“

Саида Мух, мајка на фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој е под истрага поради наводно силување, се огласи по веста дека тој ѝ го препишал сиот свој имот.

„Ако нешто презел, јас не сум свесна за тоа. Во што е проблемот ако тоа е вистина? Доколку мојот син не го направи тоа, нема да се ослободи од таа жена“, изјавила кратко за мароканските медиуми и со тоа дала до знаење дека нема добро мислење за неговата сопруга, актерката Хиба Абук од која се разведува.

За потсетување, Хиба се огласи на Инстаграм откако дозна дека нема да добие ништо по бракоразводната парница.

„3апомнете, не можете да контролирате сè во животот, но можете да контролирате како ќе реагирате на тоа. Ослободете се од потребата за совршенство, прегрнете ја убавината на сегашниот момент и верувајте дека универзумот ви го чува грбот“, порача таа.

Мислењата за ваквата одлука на Хакими се поделени – некои корисници на социјалните мрежи му искажаа поддршка затоа што сметаат дека Хиба не заслужила ништо, додека други му порачаа дека е срамота да ѝ направи вакво нешто на жената која му родила две деца.

За потсетување, Абук побара развод од фудбалерот откако неименувана 24-годишна девојка го обвини дека ја силувал во нивниот семеен дом во предградието на Париз.

Најнови вести