Водителката на утринската програма на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, како што е веќе познато, завчера, четврток, 7 февруари, доживеа тешка сообраќајна несреќа на Дедиње во раните утрински часови, во која претрпе сериозно оштетување на раката, која автобус на ГСП и ја откина, откако налета на неа и ја удри.
Следеше повеќечасовна операција која Деа многу храбро ја поднелa. Тим од лекари на ВМА предводен од микрохирургот проф. д-р. Mарко Бумбаширевиќ сепак успеа да и ја врати, пришие и спаси раката.
Нена, мајката на водителката ден пред страшната сообраќајна несреќа, како да го претчувствувала пеколот што следи.
Таа објавила порака за социјалната мрежа Фејсбук.
Дека женскиот инстинкт речиси никогаш не лаже, особено не мајчинскиот – ова е најдобар доказ. Имено, по безброј ведри објави на мама Нена, оваа изгледала како да претпоставува што ќе се случи.
„Стравот за своето дете е поголем од страв за сопствениот живот… И не е важно колку години има твоето дете“ – пишува на објавената фотографија на г-ѓа Нена, мајката на водителката Деа Ѓурѓевиќ.