понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Мајката природа ја извајала оваа жена“: Славната убавица во заводливо издание ги покажа своите облини (ФОТО)

„Мајката природа ја извајала оваа жена“: Славната убавица во заводливо издание ги покажа своите облини (ФОТО)

Бразилската манекенка Изабел Гулар важи за една од најзгодните на светот, а дека таквиот eпитет го заслужува, докажува со секој нареден ден на фотографиите и видеата кои ги објавува на социјалните мрежи.

Убавата 37-годишна девојка, која се прославила како ангел на „Викторија сикрет“, неодамна на социјалната мрежа Инстаграм споделила кратко видео од некој сет на кој заводливо игра и кокетира со камерата и тоа во ефектно, едноделно бикини со цветен дезен.

Ова атрактивно, модерно бикини напред е целосно затворено, но затоа одзади крие „изненадување“ – гол грб и танга кои го откриваат нејзиниот заоблен и извајан задник.

Очекувано, ова видео на социјалните мрежи станало вистински хит, а публиката не штедела комплименти.

„Самата мајка природа ја извајала оваа жена“, „Никогаш не сум видела толку добар задник, а природен“, „Секоја чест, се гледа дека неуморно вежба“, „Ова се вика дисциплина во тренирањето“, „Изгледа неверојатно“, „Жената е бомба“, се само дел од коментарите на сметка на прекрасната Бразилка.

Инаку, Изабел од 2015 година е во врска со германскиот фудбалер Кевин Трап, а парот се верил уште во 2018 година. Таа своевремено изјавила дека со овој голман има секс барем четири пати на ден.

„Имаме секс по четири-пет пати дневно. Меѓутоа, доколку ПСЖ изгуби некој натпревар во кој Кевин бранел, тогаш нема секс. Од друга страна, доколку победи ниту еден од нас таа ноќ не спие и имаме секс до утринските часови“, изјавила манекенката во една прилика.

Најнови вести