Македонија се сретна и се вљуби во мексиканската актерка и пејачка Талија во серијата Росалинда, во која таа го играше главниот лик.
По големиот успех на оваа теленовела, таа изгради одлична кариера – по бројните достигнувања во светот на актерството, таа продаде над 40.000.000 албуми низ целиот свет, и се смета за еден од најпродаваните Латино музичари на сите времиња.
Во 2000 година, Талија се омажи за музичкиот продуцент Томи Мотолу, со кого има две деца. Во текот на 2008 година, таа објави дека боледува од Лајмска болест, што ја спречи да го промовира својот албум „Лунада“, но тоа ја мотивираше да ја промени животната перспектива и отворено зборуваше за нејзината здравствена состојба.
Убавата Талија сега го прослави својот 50 -ти роденден, и со сигурност може да се каже дека изгледа подобро од било кога.